(ВИДЕО) Кумановци не заборавиле на хуманоста

Граѓаните на Куманово ја негуваат хуманоста. Тоа го докажаа и денеска со своето доброволно учество во крводарителската акција што ја организираше општинската организација на Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Во акцијата  која траеше од 09 до 15 часот, само во првите два часа од отпочнувањето на крводарувањето, триесетина кумановци докажаа дека се хумани и сакаат да помогнат некому.

-Досега можам да ги пофалам кумановци има висок интерес за крводарување. Досега имаме преку 30 крводарители. Акцијата трае до 15 часот и мислам дека оваа бројка ќе биде многу повисока. Во глобала ние како Македонија во време на пандемија во делот на крводарување и во делот на залихи и резерви на крв добро се носиме. Народот во нашата држава во тешки времиња се покажува како многу хуман и кога е најтешко помага со најдрагоценото нешто, со својата крв. Дарувањето е хуманитарно дело, пред се. Младите ако имаат некои стереотипи или табуа во врска со крводарувањето може да се обратат кај нас, имаме и во Црвен крст информации и на Институтот за трансфузиона медицина, значи не е ништо лошо. Може да дарува крв секој над 18 години до 65 години. Убаво е да се охрабрат, секогаш е добредојдена секоја капка крв,  изјави доктор специјализант по трансфузиона медицина, Фикрет Демишоски, Институт за трансфузиона медицина

Меѓу денешните крводарители имаше граѓани кои што повеќепати досега дарувале крв, но и кумановци кои што се охрабриле да го направат првиот чекор кон хуманоста.

И Црвениот крст ги охрабрува сите здрави лица кои што ги исполнуваат условите за крводарување, да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои што имаат потреба од трансфузија.

„Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот“, е мотото на Црвен крст Куманово.

Коментари

коментар(и)