„ Се надеваме дека во периодот што следува ќе имаме плодна соработка со овој театар и сугрен сум дека ќе направиме успешна соработка за реализација на заеднички претстави во кои би играле актери од двата театри, заеднички гостување, каде сето тоа би било помогнато од двете држави. Секако тука сме за да воспоставуваме мостови, да воспоставуваме соработка и меѓу нашите две држави, рече Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
„Двата театра ќе потпишат Меморандум за соработка. Тоа е најдобриот пат за создавање на соработка и зближување на народите. Сето останато да го оставиме на политичарите, нашата работа е да се собереме заедно, да работиме и да ја радуваме нашата публика, како тука така и во Бугарија. Од тоа поубаво и поважно нема. Затоа со огромно задоволство ја прифативме поканата на директрот Сашо Тодоровски да ги зближиме двата театра, и како што ние гостуваме тука, така и Театарот на Куманово да гостува во Плевен“, рече Димитар Кабаков, директор на Драмско-куклениот театар од Плевен, Бугарија.
„Се радувам дека она што го предложивме и ветивме пред една година за создавање на добра соработка меѓу двата театра, Драмско – куклениот театар од Плевен и Театар Куманово со Сашо Тодоровски со кој што се запознавме точно пред една година во Бугарија во градиот Ловеч се оствари. Во моментот кога го видов него и режисерот се почувствувавме многу блиски, и јас им предложив да дојдат на премиерата на Антигона. Во септември месец пристигнаа, беа восхитени од спектакуларната претстава, со која освоивме две награди, за најдобро претставување и за најдобра режија“, рече Георги Ангелов, актер
„Се радувам што вечерва ќе се сретнам со кумановската публика, се надевам дека ќе ви се допадне претставата, јас сметам , како и еден режисер од Плевен дека треба да градиме мостови, но да не ги рушиме, така што убаво е што сме заедно и што сакаме да се гушнеме, да се насмееме, да бидеме заедно. Од тоа поубаво нема, затоа е и создаден човекот, да комуницира, да плаче, да се смее и ние актерите сме токму затоа“, рече Мариета Калапова, актер