Во чест на легендарниот фудбалер од кумановската спортска историја, Ванчо Ивановски – Старејко, викедов во спортската сала на СОУ Перо Наков се одигра пријателски натпревар во мал фудбал, помеѓу ветераните на ФК Куманово и ФК Работнички – Скопје. Во ревијалниот дел настапија малите фудбалери од младинската школа за фудбал „Еуроспорт”од Куманово, кои пред публиката одиграа меѓусебен натпревар. Од име на организаторите, ветераните на ФК Куманово, беа доделени плакети и благодарници за заслужните спортисти и поддржувачи на спортските турнири и активности кои ја негуваат спортската традиција на Куманово. Настанот е поддржан од Општина Куманово.
ВИДЕО: Меморијален натпревар во чест на фудбалската легенда Ванчо Ивановски – Старејко
