ВИДЕО: Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

На втори и трети јуни годинава ќе се одржи третиот меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ . На турнирот ќе учествуваат боксери од над десетина европски држави, а ќе се натреваруваат во две категории, јуниори и сениори, информира Самет Салиевски, координатор на турнирот и тренер во боксерскиот клуб „Куманово “. Салиевски очекува на турнирот да дојдат најдобрите боксери од просторите на поранешна Југославија, шампиони и олимпијци.

Турнирот во организација на Боксерски клуб „Куманово“, а поддржан од Агенцијата за млади и спорт и општина Куманово ќе се одигра во училишната спортска сала на „Перо Наков“.

Коментари

коментар(и)