(ВИДЕО) Милан Васиќ: Го сакам Куманово, публиката е најдобра

„Ја сакам Македонија и Куманово, и секогаш со задоволството настапувам, публиката е најдобра“, истакна еден од најдобрите српски актери, Милан Васиќ, кој синоќа настапи на фестивалот „Денови на комедија“ во Центарот за култура. Васиќ со своите колеги од Народно позориште Приштина, ја изведе претставата „Женидба“. Еден од најпопуларните актери, изрази жалење бидејќи согласно протоколите салата беше исполнета само 30 проценти, но нагласи дека тоа е причина повторно да се вратат во Куманово.

-Овде доаѓам често, и приватно и се радувавме и јас и сите мои колеги, првин знаеме дека фестивалот има долга традиција, доаѓаат добри претстави и најдобри домаќини сте во светот јас гледам така, генерално не само Куманово, Македонците за нас барем од Србија, вие го имате првото место за гостопримство и јас ја обожавам Македонија, а и многу македонски песни-изјави Васиќ.

Покрај Васиќ во комедијата учествуваа и Милена Јакшиќ, Аника Грујиќ, Игор Дајановиќ, Милорад Капор, Небојша Ѓорѓевиќ, Бојан Стојчетовиќ, Бранко Бабовиќ и Тамара Томановиќ.

-Ова ми е втор пат да настапувам овде и тогаш реков и сега ќе повторам, ова што се доживува овде е реткост, ние како актери да го доживемее на просторот на поранешна Југославија, толкав број на публика кој доаѓа во театар. Реакциите ни даваат поттик да играме добро, таа енергија меѓу публиката, навистина сме многу задоволни-истакна актерот Игор Дајановиќ.

Фестивалот „Денови на комедија“ ќе се затвори вечерва со претставата на Зијад Соколовиќ од Босна и Херцеговина.Соколовиќ ќе ја изведе монодрамата „Лево десно глумец“.

Коментари

коментар(и)