-Сакаме да ја запознаеме јавноста дека Владата предводена од СДСМ, продолжува да вложува и да придонесува за развојот на општина Куманово.Владата постојано вложува во патната инфраструктура околу нашиот град. Изминатиов период се направени и рехабилитирани скоро сите патишта во околината на Куманово.
Па така во моментот се наоѓаме на што туку завршениот пат од Зебрњак до Младо Нагоричане, со што се олеснува поврзувањето на општина Куманово со општина Старо Нагоричане. Оваа делница која е дел од патот познат како Стар пат за Крива Паланка е во должина од 5 километри.
Исто така, би сакале да ве известиме дека во тек е тендерска постапка за изградба на локален пат кој ги поврзуванаселените места Новосељане, Косматац и Мургаш. Временскиот рок за извршување на оваа активност изнесува 8 месеци.
Понатаму, следува реконструкција на ул. 300 од населба Ајдучка Чешма во Куманово каде што временскиот рок за завршување на работите е 60 дена.
Почитувани, Владата предводена од СДСМ грижата за граѓаните ја покажува на дело, со реални инвестиции, со изградба на патна инфраструктура, односно градење на регионални и патишта кои ги поврзуваат руралните средини, а со тоа придонесуваме за развој на овие места и олеснување на животот на тамошните жители, рече Александар Митрички, портпарол на ОО СДСМ Куманово на денешната прес-конференција.