ВИДЕО: Музеј Куманово заврши со истражувањата во Градиште

Кумановскиот музеј заврши со овогодинешните истражувања на локалитетот Градиште во село Младо Нагоричане. Археологот, и раководител на истражувањето, Дејан Ѓорѓиевски информираше дека се работело на два сектора, акропола и долна тераса. Откриени се бројни наоди, претежно фрагменти од хеленистичка и раноантичка керамика, садови, тегови и накит. На акрополата се откриени делови од каналот за одвод на вода од резиденцијалниот објект (најверојатно владетелска палата).

Коментари

коментар(и)