ВИДЕО: Над 200 ученици на регионален натпревар по математика

Основото училиште „Христијан Карпош“ денеска е домаќин на регионален натпревар по математика за учениците од основните училишта, во организација на Сојузот на математичари на Македонија.

На натпреварот учествуваат учениците кои оствариле најдобри резултати во категории од IV до IX одделение, на општинските натпревари во Куманово, Липково, Крива Паланка, Кратово, Ранковце и Старо Нагоричане.

Регионалниот координатор за реализација на натпревари по математика и наставник – ментор во училиштето – домаќин, Даниела Стојановска истакна дека учениците работат на четири задачи, соодветни за својата возраст. Појасни дека секој ученик работи на својот наставен јазик, односно во нашиот регион застапени се македонски, албански и српски наставен јазик. Таа дополни дека особено радува фактот што половина од учесниците се ученици од IV и V одделение.

Искуството од претходните години рече покажува дека нашиот регион е успешен и учениците се враќаат со бројни награди. Државниот натпревар траидционално ќе се одржи на Природно математичкиот факултет, кој е и матичен за Сојузот за математичари на Македонија.

 

Коментари

коментар(и)