ВИДЕО: Нема позитивни во детската градинка, состојбата стабилна

Стабилна е состојбата со коронавирусот во објектите на детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово, информираат од оваа воспитна установа. Во моментов позитивни деца и воспитувачи нема.

Во текот на февруари било регистирано само едно дете заболено од ковид 19. Капацитеите се речиси преполни, согласно здравствените протоколи. Од вкупно запишани 1.394, можност да ја посетуваат градинката имаат 760 деца.

-Стабилна е состојбата, во рамки на градинката знаете дека имаме осум објекти и два центри за ран детски развој, 240 вработени тоа е бројка која не е за занемарување, меѓутоа од септември лани досега имаме околу 20 вработени, што во текот на овие месеци беа позитивни. Во соработка со Центарот за јавно здравје тие беа изолирани, а исто и нивните групи. На сите родители кои беа приморени да седат дома им издававме потврди дека нивното дете не може да поседува градинка бидејќи е во изолација-истакна директорката на кумановската градинка „Ангел Шајче“, Марина Алексовска.

На листата за чекање со вработени двајца родители и еден самохран родител се 119 деца. Поради немање интерес засега функционира само ценарот за ран детски развој во населбата „Иго Тричковиќ“,. Центарот Бамби засега не работи.

-Од први октомври центарот за ран детски развој во населбата „Иго Тричковиќ“ во рамки на подрачното училиште „Христијан Карпош“ започна повторно со работа, така што сега функционираат две групи. Доколку има интерес и за вториот центар за ран детски развој „Бамби“ во ОУ „11-ти октомври“ ние сме тука просторот е слободен и можеме да го отвориме-дополни Алексовска.

Надлежните размислуваат доколку и во иднина нема интерес за вториот центар „Бамби“ тој да се пренамени и времено да функционира како објект-градинка со целодневен престој.

Коментари

коментар(и)