ВИДЕО: Низа активности периодов во Центарот за култура, утре започнува ликовна работилница за најмладите

По летните одмори се враќаат активностите во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.  Утре ќе се одржи детска ликовна работилница, која од оваа година влезе во годишната програма. Настанот како што информира директорот, Сашо Тодоровски започнува во 11 часот.

-Реализиравме веќе две работилници, ова е трета. Ги покануваме сите дечиња од Куманово, кои сакаат да го искажаат својот талент да дојдат тука во Центарот за култура. Мислам дека оваа ликовна работилница наиде на доста добар одзив и очекуваме и утре да биде посетена. Идната недела, во понеделник гостува украинската писателка Ана Багријана, ќе има нејзина културна вечер, промоција на нејзини дела и книги, настанот започнува во 20 часот. Во четврток имаме изложба Мајкл Клос ликовен творец, а во сабота ја очекуваме нашата најнова премиера „Ковачи“-вели директорот.

Од Центарот за култура информираат дека активно течат подготовките за Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2022“.

-Подготовките се при крај, договорени се сите претстави, дванаесет и една тетарска претстава која ќе оди во офф програмата, тоа се кумановски актери кои ќе настапат со нивен стенд ап. Продажбата на билтетите би требало да започне од 22-ри септември, а отворањето на фестивалот е на 28-ми септември со претставата на градски театар од Винковци, дополни Тодоровски.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЦЕЛОСНАТА ИЗЈАВА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА, САШО ТОДОРОВСКИ

 

 

Коментари

коментар(и)