ВИДЕО: Николовски: Обединети да излеземе на протестот за промени, утре пред Влада

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Бобан Николовски ги повика кумановци утре обединети да излезат на протестот за промени пред Владата. 

 

Неважни се бројките со кои се фали Владата, кога се посилен е гласот на оние кои не можат да си ја платат струјата, скапиот бензин им стана недостапен, трпезата се попразна, истакна на денешната прес конференција претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Бобан Николовски, повикувајќи ги кумановци утре заеднички да излезат пред Владата на Република Македонија во 20 часот, на протестот за промени, затоа што е премногу.

-Живееме во многу тешко време. Време кога се повеќе нормалниот живот станува луксуз. Ги чувствуваме последиците од недостигот на одговорна, чесна и ефикасна влада. Не постои ниту грам надеж дека со оваа Влада ќе биде барем нешто подобро. Во последните пет години донесоа живот на национална катастрофа во секое поле од животот-истакна Николовски.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово рече дека е убеден дека апелот ќе допре до сите граѓани, бидејќи е искрен и обединувачки. Нагласи дека постојат времиња, кога е важно, вистински важно на која страна сте биле. Тој информираше и дека вчера била одржана конститутивната седница на новиот состав на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

-Стартуваме и веќе нема запирање. Општинскиот комитет од сега е спој на искуство на повозрасни сопартијци и енергијата на помладите, но и додадената вредност на релативно нови квалитетни личности кои допрва ќе имаат што да кажат во политичкиот живот. Ќе работиме на вклучување во работат на што поширок круг и поголем број на наши искусни активисти, но и на помлади луѓе, кои за прв пат би добиле шанса и би внеле нова енергија. Унапредувањето на секогаш искрената соработка со сите наши сограѓани и организации ќе биде дел од приоритетите на работењето на ОК-дополни Николовски.

Тој уште еднаш ги повика кумановци обединето да излезат пред Влада на протестот за промени.

Коментари

коментар(и)