ВИДЕО: Одбележан Светскиот ден на бубрегот

„Подготовка за неочекуваното, поддршка на ранливите” е годинешното мото под кое се одбележува Светскиот ден на бубрегот. По тој повод Центарот за дијализа „Диаверум“ во соработка со средното училиште „Наце Буѓони“, здравствена струка денеска во просториите на Општата болница одржа презентација посветена на бубрежните заболувања.

„Кампањата оваа година се фокусира на подигање на свеста за катастрофалните настани, природни или човечки, меѓународни или локални, како и нивното влијание врз луѓето коиживеат со бубрежни заболувања чиј пристап до соодветни дијагностички услуги, третман и нега е попречен. Тргнувајќи од годинешното мото, дојдовме на идеја да изработиме заштитни алки за нашите пациенти “, истакна денеска Фросина Ефремовска, менаџер на Центарот за дијализа „Диаверум“ од Куманово.

Коментари

коментар(и)