ВИДЕО: Одржана традиционалната свечена светосавска академија

Со свечена Светосавска академија во Македонскиот народен театар во Скопје се одбележа националниот празник на Србите во земјава – Денот на српскиот просветител Свети Сава. Пред присутните се обратија високи официјални претставници од државата, како и од Србија и од Република Српска.

Академијата ја отвори претседателот на организацискиот одбор на Светосавска академија, Иван Стоиљковиќ, кој истакна дека му чест што по 16-ти пат се одржува манифестацијата посветена на големиот просветител. Тој се надева дека ќе се подобрува положбата на Србите во Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски, упати пораки да се гради пријателство и мир. Потсети дека Република Србија и помогна на државата за време на корона кризата, кога достави првични количини на вакцини.

Пред присутните во МНТ се обратија и Радован Ковачевиќ, советник на претседателот на Република Српска, како и Заменик-претседателот на Владата на Србија и министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ.

Српската заедница во Македонија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му додели Светосавска Повелба. Највисокото признание е благодарност што во тешките моменти, на братскиот, македонскиот народ му ја дава потребната помош, но и за заслугите за сесрпско единство, несогласување со губењето на слободата и чесниот углед на Србите во регионот и светот.

Присутните имаат можност да проследат богата културно-уметничка програма која ја претставува културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Генерален покровител на манифестацијата е претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, заедно со Владата на Македонија.

ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕОТО ПО 18 ЧАСОТ!

Коментари

коментар(и)