ВИДЕО: Од денеска нови салони во Алфи

Од денеска збогатена е понудата во Алфи, компанија која постојано инвестира во трговскиот капацитет со цел да ја зголеми комфорноста на купувачите. Освен постоечките салони на Алфи Техноцентар, Прима и Кам маркет започнаа да функционираат и Sinsay, Keyra Spain- висококвалитетна козметика за коса, Pet Shop Family, аптека Карпош и Номи балони.

Визијата и целите на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е да ги задоволи потребите на сите купувачи, дури и на оние кои имаат специфични побарувања. Алфи успешно ја гради својата професионална приказна од 1992-та година.

-Ова е само првиот дел од нашиот проект. За купувачите обезбедивме огромен паркинг простор, направивме и нов подземен паркинг простор, сега моментално имаме околу 160 паркинг места за да можат полесно да пристапат кон локалите кои што се во нашиот центар. Во моментот преговараме со уште два големи бренда и подготвуваме нов фуд корнер и голема игротека која ќе биде по принцип на светските игротеки. Исто така, сакам да најавам дека подготвуваме и бизнис центар од 2.100 метри квадратни кој ќе биде наменет за канцеларии и конференциски сали каде што ќе можат луѓето да ги прават своите презентации и да го развиваат својот бизнис во иднина, изјави Филип Серафимовски, генерален директор на компанијата Алфи Би

Брендот Sinsay нуди производи за различни возрасни категории. Препознатлив е по пристапни цени и максимален комфор.

– Постоиме на македонскиот пазар веќе една година и 10 месеци, вкупно имаме 13 продавници, а Sinsay е осма продавница која ја отвараме во Куманово по најповолни цени и пристапни за сите изјави Љупка Ничовски,  регионален менаџер на Sinsay за Македонија

И аптеката Карпош од денеска функционира во рамките на Алфи. Станува збор за нова аптека која располага со најширока палета на лекови и медицински средства во градот.  Оваа аптека е дел од првата приватна Поликлиника Карпош во Куманово која успешно работи од 1995-та година. Низ постојаното вложување придонесува за континуирано подобрување на квалитетот на услугите.

-Станува збор за нов концепт, аптеката Карпош е најмодерна аптека на територијата на Куманово со најширок асортиман која нуди врвна професионална фармацевтска услуга и совети.  Аптека Карпош постои 17 години, изјави Никола Митевски, менаџер на ПЗУ Аптека Карпош

Алфи се простира на површина од 14.000 метри квадратни со сите закупци и заеднички простории, а се планира во втората фаза од проектот да бидат доградени дополнителни 3.500 метри квадратни кои се предвидени за спортска опрема и текстил. Моменталната бројка од околу 180 вработени со зголемувањето на содржините во Алфи во наредниот период ќе достигне 300, најавуваат надлежните од компанијата.

Коментари

коментар(и)