(ВИДЕО) Од 14 до 17 јуни ќе се запишуваат средношколците

Според роковите во објавениот Конкурс, пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во јуни, од 14 до 17 месецов, информираат надлежните од Секторот за образование во Општина Куманово.

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни, квалификациското тестирање ќе се организира во средните училишта на 21 јуни, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 21 јуни. Повеќе од изјавата на раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)