ВИДЕО: Општината субвенционира стари занаети

Со 150.000 денари од општинскиот буџет, локалната самоуправа субвенционираше 15 занаетчии кои што настојуваат да ги зачуваат старите занаети во градот. Ваучерите за субвенционирање свечено беа доделени вчера во Занаетчискиот дом во организација на Регионалната занаетчиска комора Куманово, а во соработка и со финансиска поддршка од општина Куманово.

„ Како градоначалник во иднина ќе се заложам да се зголемуваат ваквите субвенции“, истакна пред занаетчиите градоначалникот Максим Димитриевски.

-Ова е симболика којашто сакаме да стане пракса во градот и на тој начин да не дозволиме да се заборават старите занаети, бидејќи тие всушност се и основата за индустријализација на нашиот град. Имаме обврска особено кон чуварите на традицијата во нашиот град, во рамки на сопствените можности да помогнеме и во делот на финансирање на нивните активности. Претходно, општина Куманово носеше одредени одлуки со коишто исто така даде свој допринос за да се помогне финансиски во рамки на корона кризата. Како градоначалник во иднина ќе се заложам да се зголемуваат ваквите субвенции, ова е една симболика којашто ќе ја проточиме во традиција да биде од значителен износ на средства којшто ќе дадат дополнителен мотив на помладите генерации да продолжат во духот на традицијата да се занимаваат со занаетчиството. Се работи за некаде помош околу 150 илјади денари кои се издвоени од буџетот на општина Куманово и таа бројка ќе трпи само тренд на пораст, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.

Претседателот на Регионалната занаетчиска комора Куманово, Агрон Фазлији смета дека субвенционирањето на старите занаети кои ги симболизираат нашите корени треба да ги поттикне и останатите општини да го следат примерот на Куманово.

-Опфатени 15 занаетчии по 10.000 денари, Во иднина се надева на дополнителна помош Заради оваа субвенција се појавија и нерегистирирани занаетчии, и воедно оваа субвенција придонесува за сузбивање на сивата економија, да го зголемиме бројот на занаетчии кои рбаотат ваква дејност, изјави  Агрон Фазлији, претседател на Регионална занаетчиска комора Куманово

Амбасадорката на РСМ во Косово, Шпреса Јусуфи рече дека должност на сите е да се зачува, негува и поддржува занаетчиството.

– Да ги идентификуваме занаетчиските здруженија за евентуална заедничка соработка, да можеме заеднички да аплицираме во фондовите на ЕУ и обезбедување на услови за промовирање и пласман на занаетчиските работи, ракотворби во Косово, рече амбасадорката.

Еднократна помош од општината е доделена на грнчари, кондурџии, крзнари, везилки и други стари занаети.

Коментари

коментар(и)