Во Уметничката галерија при кумановскиот Музеј синоќа се отвори изложба на дела на Мариела Мицевска-Аџигогова. Дипломирала и магистрирала графика на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Организирала повеќе самостојни, но учествувала и во групни изложби во земјава но и надвор од неа.
Пред присутните за нејзиното творештво зборуваше ликовниот критичар и сликар, Гоце Божурски, кој воедно се јавува и како куратор на изложбата. Обраќајќи се пред кумановци нагласи дека нејзиниот талент бил препознаен на првите појавувања.
–Нејзиниот пристап не е раководен од идеа да создаде ликовно дело туку во тој процес таа пристапува спонтано а уметноста се раѓа преку чинот на создавањето, процесуиран преку внатрешни творечки побуди. Најновите дела на Мариела потврдуваат дека таа е судбински предоредена за творештво, и откако се врати кон своето јато во кое припаѓа, тогаш има причини за лично задоволство и мотив да продолжи со ваква творечка енергија и темпо. Уметникот живее вистински само кога твори, повременото творештво е само живуркање, затоа се надеваме откако Мариела се врати сега во уметноста тоа и да го продолжи-нагласи Божурски.
Мариела Мицевска-Аџигогова извесен период престанала да се занимава со творештвото.