Во рамките на проектот „Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ денеска е отворена сензорна соба во основното училиште „11 Октомври“. Сензорните соби, но и инклузивните игралишта го подобруваат квалитетот за образование и воспитание на учениците со попреченост во општинските училишта, а истовремено ги подобруваат инклузивните капацитети и практики во Куманово.
Проектот, кој финансиски е поддржан од ЕУ го реализираат Фондацијата „Чекор по чекор“, здружението „Инклузива“ и „Хендимак“.