(ВИДЕО) „Отворена училишна спортска недела“ на спомен Костурница

-Убав ден да се излезе од дома во овие тешки моменти на корона криза малку најмладите да ги  тргнеме од компјутерите и да излезат во природа да се рекреираат. Отворена училишна спортска недела –манифестација за поздравување, благодарност на Федерацијата на училишен спорт, Општинскиот сојуз на спортови, Агенцијата за млади и спорт и сите училишта кои што земаа учество и дадоа придонес да се реализира овој проект. Денеска дел од нас ќе возат велосипеди, а другите ќе пешачат на неколку дестинации во Куманово и реонот на Куманово. Ви посакувам на сите прво,  здравје, среќа, не се натпреваруваме, денеска уживаме и се рекреираме. Следниот пат во следна организација и вие, а и вашите родители  заедно со вас на велосипеди, се надевам дека ќе биде целосно завршен проектот кој што во моментов го реализираме и ќе имаме новоизградени три спортски игралишта и овој амфитеатар зад вас кој што е во фаза на градба, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)