(ВИДЕО) Отворен пчелниот парк на кејот

Членовите на здружението „Пчела“ од Куманово го пуштија во употреба пчелниот парк кој се наоѓа на градскиот кеј. Паркот е во рамки на проектот „Здрава животна средина за сегашните и за идните генерации“, кој здружението го реализира во соработка со Општина Куманово, средното стручно училиште „Киро Бурназ“ и  јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Целта е да се крене јавната свест за важноста на пчелата,  и улогата која што таа ја има за животната средина. Во паркот веќе се поставени паноа во форма на саќе со постери за климатските промени, медоносни растенија.

-Зашто токму пчелата ја зедовме затоа што таа е индикатор за здрава животна средина таму каде што е присутна пчелата, таму имаме и здрава животна средина. Овде во овој парк насадивме покрај овие медоносни грмушки кои што се сега во оваа фаза не се претставителни цветаат повеќето од нив во пролет, некои во есен, и направивме овде повеќе натписи, пораки за значењето на пчелата, значење на опрашувачите, затоа имаме и хотел за инсекти да можеме да ги прибереме тие диви инсекти, кои исто така се добри опрашувачи, но на прво место секако дека е пчелата, каде што можат младите луѓе, неедуцираните да прочитаат да видат за значење на пчелата, на опрашувањето и биодиверзитетот-истакна претседателот на здружението Горан Митевски.

Проектот, кој е посветен на животната средина, здружението Пчела го реализира  9 месеци.

-Правевме во есен зависно кога мора да се засадат одредени култури, растенија направивме засадување на медоносни и поленоносни грмушки, дрва, зачински растенија, и тука во паркот и во средното училиште Киро Бурназ и делевме одредени семиња за медоносни траки во пчеларници на самите пчелари, да си ги збогатат и да си ги разубават нивните пчеларници како и медоносни дрвја и зачински и медоносни растенија-дополни тој.

Проектот „Здрава животна средина за сегашните и за идните генерации“ е поддржан  од ЦИВИКА Мобилитас.

 

Коментари

коментар(и)