(ВИДЕО) Павловски: Имаме програма и проекти за младите

Изминатите години општина Куманово со градоначалникот Максим Димитриевски, инвестираше многу за младите. Добивме нов спортски комплекс на Спомен костурница, како и во Соколана, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Николај Павловски.

-Куманово доби нови спортски капацитети, 10 нови спортски игралишта и 3 училишни спортски сали со цел обезбедување на услови младите да живеат поздраво, да спортуваат и да се рекреираат. Целосно беше реконструиран ученичкиот дом Професор Мијалковиќ. Отворен е првиот младински центар во наше Куманово. Како иден советник ќе направам се што е во моја надлежност за да го подобрам квалитетот на живот на сите млади. По победата на 17-ти октомври, како локална власт од граѓаните и за граѓаните следува подобрување на условите во училиштата преку реконструкција на објектите на сите општински училишта, проширување на капацитети и изградба на ново средно училиште. Изградба на модерно спортско игралиште за секој училишен објект на територија на општина Куманово и партерно уредување на училишните дворови по примерот на Наце Буѓони. Отворање на младински интеркутлурен културен центар во Домот на пионери-нагласи тој.

Коментари

коментар(и)