ВИДЕО: Пензионерите негираат дека работеле незаконски, велат „булдожер играчи“ расчистуваат терен за изборите

Раководството на Здружението на пензионери Куманово на денешната прес конференција го негираше тврдењето дека незаконски и неосновано, го зголемиле надоместокот на претседателот, потпретседателот и секретарот. Тие објаснија дека во 2021 година по одлука за утврдување на единствени критериуми добиена од Сојузот, извршиле усогласување на овој надоместок, согласно одлуката од 2012 година. По извесен период, откако дознале дека одлуката не е последна и дека е изменета во 2016-та година, ја поништиле и средствата се вратени.

-На претседателот од почетокот на мандатот 23.03.2019 до 31.12.2022 година му е исплатен надоместок од страна на здружението за вршење на функцијата во висина од 12.000 денари.  Дури за еден период 2020 година во период на корона сите ние тројца се откажавме од овој надомест и го дониравме во хуманитарни цели за болни од корона вирус. Што се однесува до тоа зошто претседателот на Собранието сега ако имал веќе сознание дека сме работеле нешто што не е во согласност со Статутот и Закон зошто досега не реагирал. Причината е во тоа што на Собрание на 29-ти декември 2022 година на предлог на член на Собрание, е донесена одлука за надомест на претседателот на Собранието во износ од 6.000 денари месечно ретроактивно за четири години. Одлуката е спротивна на Статутот и Законот и покрај тоа што и од мене и некои членови на Собрание беше укажано дека оваа одлука е спротивна на Статут, Закон по инсистирање од нивна страна одлуката беше донесена и тоа ретроактивно за 4 години наназад што е надвор од здравиот разум. Бидејќи работевме цело време одговорно и совесно не дозволивме оваа одлука да се примени истата е доставена до одбор за статут и правни прашања. Одборот донесе одлука дека е спротивна на Статутот. И Закон за волонтерство бидејќи функцијата претседател на Собрание согласно нашиот статут се обавува волонтерски. Волонтерите својата услуга ја даваат бесплатно. Врз основа на оваа одлука на идното Собрание ќе бараме поништување на оваа одлука-истакна на денешната прес конференција, Гордица Бошковска, секретар на Здружение на пензионери Куманово.

Актуелното раководство на здружението негира и дека претседателот трошел средства за изборни активности. Велат дека има целосен преглед пред и по избори, а здружението има потрошено само 2,170 денари, за копирање материјал и весници. Велат лага е и обвинувањето за земање дневници.

-Ниту една дневница за овие четири години немаме земено за присуство на седници.  Кажано е дека и надзорниот одбор вршел вонредна контрола и тоа е ноторна лага, не е вршена контрола тоа може да се праша и претседателот на н.о.  По однос на обвинувањата дека записникот од 29 ти декември на последната седница не е потпишан, не знам што да кажам жално е што претседателот е четири години претседател на Собрание и не знае дека записникот го потпишува тој. Но на наредна седница по усвојување на записникот. Бебето е родено, сега треба да се лула, точно е штетата е направена, најголема штета од сето ова има здружението, потоа ние како носители на функција а и оделни членови, кои се користат во оваа валкана игра би ги нарекла „булдожер играчи“, да расчистуваат терен, а главните актери седат на страна и чекаат теренот да се расчисти, па тогаш да се појават на сцена, жално е и за едните и за другите. Учесниците, „булдожер играчите“ не се свесни дека не само што нема да имаат корист од ваквата игра, туку напротив ќе останат како колетерална штета-дополни таа.

Раководството побара во мирна и демократска атмосфера да поминат изборните активности, да се избере претседател кој ќе работи во интерес на пензионерите.

Коментари

коментар(и)