(ВИДЕО) Помалку болни од ковид 19, се затвора модуларната болница

Модуларната ковид болница во Куманово ќе се затвори. Во неа повеќе нема да се примаат пациенти на кои им треба хоспитализација. Причина за затворањето е значајното намалување на бројот на позитивни и заболени лица во регионот. За третман на новозаболени ќе продолжи со работа ковид 1 одделението, сместено на инфективниот оддел.

-Бројката и кај нас конечно е на тоа ниво да можеме да работиме само на еден пункт со ковид пациенти. Со последниот извештај имаме вкупно 12 пациенти позитивни, од кои четворица беа во модуларната и осум на инфективниот оддел. Дел од овие пацинети што беа во болницата се негативни, но имаат постковид последици на белите дробови, се упатени на интерното одделение, еден на пулмологија и другиот на оддел за инфективни болести-нагласи директорката на кумановската болница Снежана Захариева.

Од кумановската болница се надеваат дека трендот на опаѓање ќе продолжи и во наредниот период ќе има што помал број на новозаболени.

Од есен да немаме бројки какви што имавме во последните бранови, особено последниот кој беше страшен, тежок, со тешка кличничка слика, многу пацинети и во дневна болница и во трите ковид оддели, да се надеваме дека ова нема да се повтори -истакна Захариева.

Директорката на кумановската болница апелираше до кумановци, убавото време да го искористат за дружби на отворен простор.

-Почнува релативно нормално живеење без некои ограничувања но сепак ќе речам дека се што е претерано може да го загрози здравјето на сите сограѓани, да бидат внимателни да се дружат но тоа да биде во некои граници. Се надевам дека оние што имаат потреба од други здравствени прегледи ќе можат да посветат внимание на своето здравје, да се контролираат-дополни таа.

Модуларната болница со капацитет од 33 легла беше отворена на почетокот на март. Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани над 8.800 случаи позитивни на вирусот, со што општината е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје.

 

 

Коментари

коментар(и)