ВИДЕО: Поради кровот стагнира реконструкцијата на Спортската сала

Поради кровната конструкција стагнира реконструкцијата на Спортската сала, одговори на последната седница на советнички прашања, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, објаснувајќи дека во наредниот период се уште ќе се решава проблемот со протекување.

-Сега се намалува, чекам да помине зимската сезона ако има  врнежи на снег за да утврдиме дека тој крвоен покривач е во целост функционален и затоа не му се исплатени сите средства на изведувачот кој го работи тоа.  Во меѓувреме му е дадено рекламација и верувам дека тоа ќе се реши за да може да ја завршиме внатрешна фаза, бидејќи вие не можете да местите спортска подлога додека не го решите проблемот со кровот. Имаме обезбедено 11 милиони денари од средствата кои ни припаѓаат од регионалниот рамномерен развој. Тие требаше да ги реализираме до крајот на новмеври. Но бидејќи и претходниот изведувач и тоа е спроведувано преку дирекцијата тие испративме писмо и чекаме да ни се одобри да можеме да ги користиме тие средства во наредната година, бидејќи претходно распишавме тендерска постапка и изведувачот чека да го воведеме во работа за да го менува спортскиот терен и да врши поставување на подови на самата сала-нагласи Димитриевски.

Димитриевски објасни и дека стариот кровен покривач, бакарот е продаден.

-Стариот кровен покривач бакарот за кој се шпекулираше бакарот беше собран и скалдиран, секое парче беше обележано од комисија со сириски број, складирана, измерена и превагана на две различни ваги и општината по пат на јавно надавање и во моменти на највисока цена на бакар на берза некаде инкасираше  над 8 милиони денари само по тој основ од продажба на бакарот-истакна тој.

Коментари

коментар(и)