Постапката за јавен превоз на ниво на општината е во завршна фаза, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој објасни дека веќе следната седмица треба да се потпишат договорите со избраните компании.
На некојА од следните седници на Советот рече дека ќе даде и предлог за субвенции за засегнатите граѓаните, но најави и можност доколку не заврши целосната постапка за линиите коишто не функционираат, општината сама да набави автобуси.
-Јавниот превоз постапката е во завршна фаза мислам дека следната недела ќе бидат потпишани сите договори со избраните компании на тендер и ќе се спроведува согласно планот на активности, а дополнително на една од следните седници ќе излезам пред Советот со предлог да се најде некој начин да се субвенционираат трошоците на граѓаните кои трпеа штета по семејните буџети поради законските и административните пречки на самата постапка. Тоа ќе значи некој вид на компензација за тие граѓани, кои во минатиот период беа изложени на проблеми со јавниот превоз за тие линии за кои немавме изберено изведувачи. Доколку се случи да не бидат потпишани договорите тогаш општината ќе биде принудена да издвои средства да направи брз ребаланс на буџетот и да издвои средства за купување на нови возила што пак таквата одлука дополнително ќе ни ја отежни развојната компонента, финансиската состојба во општината. Ќе мора да се вадат средства и пари планирани за развој на инфраструктура и да ги трошите за купување на превозни средства-нагласи тој.