(ВИДЕО) Првачињата на задолжителен очен преглед

Навремен офталмолошки преглед кај дечињата е клучен при лекувањето на очните заболувања. Лекарите ја поздравуваат новата законска одлука, според која сите првачиња, за да се запишат на училиште мора да поседуваат документ од извршен очен преглед. На тој начин велат ќе се спречи и амблиопијата, односно слабовидноста, со која во повеќето случаи, е зафатено само едното око, но може да биде и на двете.

Амблиопијата или слабовидноста, како еден од факторите за намалена видна острина  кај популацијата до 45 години е на водечката позиција, пред повредите како фактор на намалена видност, и други заболувања на очите, многу важна појава на која треба да и се обрне внимание. Најчесто амблиопијата е нешто што не може да се забележи во секојдневната пракса. Тоа се луѓе кои секојдневно, нормално функционираат, без оглед што кај нив недостасува стереовидот што велиме, без длабинскиот вид, сепак тие нормално функционираат. Ако навремено се дијагностицира тогаш до седумгодишна возраст има период кога може да се третира-истакна Елизабета Спасиќ, офталмолог Општа болница Куманово.

Офталмолозите објаснуваат дека родителите не се информирани за ова очно заболување, па избегнуваат дечињата да ги носат на преглед. Очната амбуланта при кумановската болница располага со 60 термини неделно. Очекувањата се  до 1-ви септември да бидат прегледани сите првачиња. Според истражувањата од амблиопија боледуваат околу 5 проценти од населението.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)