ВИДЕО: Премиерот Ковачевски го пушти во употреба магистралниот пат Куманово- Страцин

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска го пушти  во употреба магистралниот пат Куманово-Страцин, инвестиција вредна 12 милиони евра. Вкупната должина на патната делница Куманово-Страцин е 31,2 километри и се рехабилитира за прв пат после повеќе од 32 години, речево своето обраќање Ковачевски, потенцирајќи дека  магистралниот пат, којшто е дел од паневропскиот Коридор 8, е од витално значење не само за овој регион, туку и за целата држава.

– Покрај овој магистрален пат, токму во овој регион интензивно се извршуваат градежните работи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кадешто дополнително со реконструкцијата и проширувањето со дополнителна трета лента до граничниот премин Деве Баир со Бугарија, на источниот крак ќе имаме комплетен патен Коридор 8. Значи од најлошиот пат во државата кој водеше од Куманово до границата со Бугарија на Деве Баир сега ќе имаме модерен магистрален пат по кој ќе се вози и побрзо и побезбедно. Овој инфраструктурен проект ќе ја направи нашата земја клучен транзитен центар на Балканот и ќе придонесе за економско јакнење на целиот регион. Проектите за заживување на овој регион кои досега беа само на хартија, ги претвораме во реалност. И сето тоа е видливо на терен. Коридорот 8, заедно со Коридорот 10-д, се најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава. Она што е најважно, е дека со потпишувањето на Анексот за Договорот со Европската Унија, што неодамна го потпиша министерот Бочварски, Коридорот 8 станува дел од мапата главните европски коридори на оската Исток – Запад заедно со Италија, Албанија и Бугарија. Досега коридорот 8 не беше на мапата на трансевропските коридори и благодарение на напорната и заедничка работа на Владите на Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија конечно овој месец се потпиша анексот на договорот со којшто коридорот 8 е ставен на мапата на трансевропските коридори. Со оваа одлука на Европската унија, со изградбата на коридорите 8 и 10-д, нашата држава од кружен тек, станува централна крстосница на Балканот, и се позиционнира на сообраќајната и економската карта на Европа Со изградбата на овие два коридори, за прв пат како држава воспоставуваме модерна патна врска кон запад и исток, а не како досега само север и југ, рече Димитар Ковачевски, претседател на Влада

„Инвестиравме речиси 12 милиони евра за да изградиме модерен пат,  да ја развиеме транспортната мрежа за поддршка на конкурентноста и растот и да ја подобриме мобилноста во овие општини од Североистокот. Граѓаните веќе ја користат оваа модерна и безбедна патна врска, клучна за овој регион и навистина треба да бидеме задоволни од тоа како се реализираше овој проект“, рече, меѓу другото, министерот Бочварски.

-Овде во Североистокот на државата вложуваме огромни средства за изградба на модерна и квалитетна патна мрежа, реализирајќи повеќе крупни проекти. Како продолжение на овој проект, го градиме експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, за што вложуваме 62,5 милиони евра. Дополнително, работиме и на реконструкција и проширување со трета лента на делницата од Крива Паланка до Граничниот преминДеве Баир за што инвестираме околу 12 милиони евра. Преку сите овие капитални проекти комплетно го затвораме источниот крак на Коридорот 8 како нова модерна траса, која ќе даде силно економско значење за Македонија,  ќе ја направи клучен транзитен центар на Балканот преку ќе ги поврземе пристаништата на Запад и Исток, рече Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Рустеми потсети дека рехабилитацијата на магистралниот пат се изведувала во две фази.

„Во моментов на овој потег се гради се експресниот пат Крива Паланка- Длабочица- Страцин, како и реконструкција со рехабилитација и доградба на една лента на државниот пат Крива Паланка -Деве Баир, во вкупна вредност од 74.5 милиони евра и вкупна должина од речиси 39 километри, додаде Рустеми.

 

Коментари

коментар(и)