(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово

Претседателот Стево Пендаровски денеска се вакцинираше против ковид 19, во регионалниот центар во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ во населбата Бедиње, во Куманово.

Во изјавата за медиумите, по вакцинацијата посочи дека сите вакцини се безбедни и ефикасни. Заедно со тимот одлучиле да се вакцинираат во различни општини низ државата, за да го разбијат шпекулациите дека наводно едни вакцини се давале во Скопје, други во општините.

За три недели ќе биде повторно вакциниран, и тоа ќе го стои во некоја друга општина. Пендаровски нагласи дека и новинарите треба да бидат дел од ризичната група за вакцинација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)