(ВИДЕО) При крај изградбата на игралиштето во ОУ „Вук Караџиќ“

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изврши увид во изградбата на игралиштето во дворот на основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“. Поставена е еластична спортска подлога, заштитна ограда и комплет 4 кошеви со зглобен обрач и мрежа по FIBA стандарди.

-Оваа година успеавме заедно со менаџерите на училиштата да направиме заштеди од блок дотациите на училиштата и да ги реинвестираме во самите училишта. Со одлука на Советот секако распоредивме средства за инвестиција, реконструкција на постоечките спортски отворени игралишта  во рамки на овие две училишта. Целиот проект чини околу 3 и пол милиони денари. Сакам да се заблагодарам на инвеститорот за брза реализација на проектот и воедно да се заблагодарам и на менаџерскиот тим и за соработката која во овој период на самата инвестиција ја имавме. Апелирам до сите да го сочуваме тоа што го градиме, бидејќи првенствено целта е да се грижиме за имот како да е наша сопственост-истакна Димитриевски. 

Директорката на ОУ „Вук Караџиќ“, Надица Петровска истакна дека е задоволна од оваа инвестиција.

-Да го изразам моето лично задоволство во името на учениците и вработените, што добивме ваков убав спортски терен во училишниот двор, кој на задоволство на најмладите учесници, на учениците на децата од населбата Тоде Мендол, кои ќе можат да ги користат за спортски активности за рекреација, дружење и за сите убави моменти. Да се заблагодарам на градоначалникот, изведувачите, да се потрудиме да го сочуваме затоа што е за сите нас-нагласи таа. 

Активно се работи и на реконструкција на спортските терени во населбата Гоце Делчев, на локалитет „Кошеви“ и во Долно Којнаре. Претходно беа комплетно реконструирани игралиштата во средните училишта гимназијата Гоце Делчев,  Перо Наков и Наце Буѓони.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)