Здружението на просветни работници ги прогласи учениците на генерацијата во основните и средни училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Свеченоста се одржа во Занаетчискиот дом каде беа доделени награди и признанија на сите ученици, како поттик да продолжат да го унапредуваат своето знаење и образование.
Дел од учениците на генерација кажаа дека за успех покрај учењето, потребно е и учество на меѓународни, државни натпревари, вклученост во проекти. Своето образование сакаат да го продолжат во Македонија.
Признанието ученик на генерација се доделува по повод 24 Мај – Ден на словенските просветители Кирил и Методиј, во организација на Здружението на просветни работници и Општина Куманово преку Секторот за образование.