Се работи на изградбата на пругата кон Бугарија. Градежни екипи на неколку локации работат на над и подвозници, мостови. Од Железници инфраструктура очекуваат наредниот месец да се интензивираат работите на терен. Најавуваат и дека навреме ќе се заврши предвиденото.
Изградбата на пругата кон Бугарија започна во 1994 година. Неколкупати досега имаше прекини.