(ВИДЕО) Реконструирано спортското игралиште во Долно Којнаре

-Денеска заедно со претставници на МЗ Долно Којнаре правиме увид во работите кои што Општина Куманово ги превземаше во изминатиот период во дел на реконструкција на постоечкото спортско игралиште во Долно Којнаре.  Со сопствени средства на општината и со согласност на Советот на општината издвоивме  1.560.000 денари, направивме целосна реконструкција на подот на игралиштето и поставивме современа тартан подлога. Воедно, дополнително во соработка со месната заедница ќе организираме и заедничка акција за доуредување на клупите за седење и трибините во самото игралиште и дополнително ќе организираме спортски турнир за отворање на игралиштето. Овде гравитираат голем број на млади луѓе на оваа локација и задоволство е да се видат кога во попладневните часови интензивно го користат спортскиот терен, а ние со овој тренд ќе продолжиме и во останатите населби. Следната населба е населбата Гоце Делчев или популарната локација Кошеви каде што ќе направиме комплетна реконструкција на двете постоечки игралишта на таа локација, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово

-Се наоѓаме во населба Долно Којнаре во делот каде е реновирано игралиштето за мал фудбал. Благодарност до градоначалникот и Советот на општината што секогаш ја поддржуваат населбата со голем број проекти. Со градоначалникот се договоривме да организираме заедничка акција за доуредување на игралиштето и заеднички турнир во мал фудбал. Инаку, еден од проблемите со кои што се соочуваат граѓаните на месната заедница Долно Којнаре е водата. Градоначалникот не информираше дека ќе се изврши реконструкција на водоводната мрежа од населба Никола Тесла до Долно Којнаре, која не е обновена педесетина години, од нејзиното поставување, а постојано има дефекти, изјави Зоран Петрушевски, претседател на МЗ Долно Којнаре.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)