ВИДЕО: Решен проблемот со дивите пазарџии на Зелениот пазар

За девет месеци колку што сум на функцијата директор на јавното пртпријатие, успеавме да ја намалиме загубата со која што се работеше, појаснува првиот човек на кумановско „Пазариште“. Но, тој укажува дека дополнителни проблеми врз финансиската состојба предзвикаа законот за минимална плата и недела неработен ден. Последниот удар е од енергетската криза.

Се соочуваме со невидена енергетска криза. Ако ги споредиме фактурите за електрична енергија од 2021 со 2022 година за ист месец. На пример за јули. Јавното претпријатие во јули 2021 имало потрошено електрична енергија од 86.000 денари, оваа година од 430.000 денари, тоа значи шестпати покачување, што на нас како претпријатие веќе ни е поголем проблем, ги имаме искористено максимално сите капацитети кои се на располагање-нагласи Гзим Кадриу, директор на ЈП „Пазариште“ Куманово.

Од Пазаришта нагласуваат дека сами не можат да ги надмират трошоците за електрична енергија. За проблемот веќе ги запознале надлежните институции. Тие се надеваат дека Владата ќе обезбеди субвенции.

Ние многупати се обративме до Владата, општината, Советот да најдеме решение како можеме да излеземе од оваа финансиска криза. Инаку Владата во однос на мерките кои ги има преземено ние веќе ги презедовме но тоа не е трајно решение. Владата треба да размисли добро ако сака да функционираат претпријатијата, вработените да земат плати, за тековни трошоци не зборуваме, мора да има субвенции-дополни тој.

Јавното претпријатие Пазариште заедно со надлежните институции од неодамна го реши проблемот со дивите пазарџии, кои ги блокира јавните површини на зелениот пазар. Своите производи сега ги продаваат на тезгите во зелениот пазар. Плаќаат дневна карта од 120 денари за тезга. Досега овие лица не користеа тезги на пазарот затоа што требаше да плаќаат месечна закупнина, а продаваат претежно свои производи, во мали количини. Нивното присуството надвор од пазарот создаваше метеж, па често беа на удар на инспекциите.

-Главното барање на нашите постоечки корисници на тезги кои се внатре беше дека се соочуваат со нелојална конкуренција. Надвор беа блокирани  улиците, тротоарите имаше диви продавачи. Од првиот ден од кога сум на функција се занимавав со ова прашање. Не било едноставно и лесно, ова не е некој нов момент туку овој проблем е веќе 20 години. Многу институции претходно преземаа акции но за жал тие не беа успешни. Акциите траеа неколку минути, се било во ред, чистени тротоари но кога се враќале во канцеларии, тие продавачи повторно биле на тротоари. Нивните барања беа да не ги ставиме само каде што има празни тезги, да не ги делиме, тоа беше исполнето има и друго барање да можат да наплатат по дневен основ. Денеска сите се внатре и се надевам дека ова ќе биде трајно решение-вели Гзим Кадриу, директор на ЈП „Пазариште“ Куманово.

Со преземената акција регистрирани се уште 35 нови тезги. Но директорот ги повикува сите заинтересирани земјоделци, и невработени лица да се обидат да започнат свој бизнис.

ЈП располага со слободни тезги ја користам приликата да ги повикам сите граѓани кои се невработени да пробаат да направат бизнис, да дојдат имнаме добри можности, добри услови-дополни тој.

Цените на тезгите на пазарот се по три тарифи, 2350, 2850 и 3550 денари, зависино од нивото на кое се наоѓаат.

 

 

Коментари

коментар(и)