(ВИДЕО) Рибарите од „Мак-Дам“ денеска даруваа крв

Членовите на Рибарско друштво Мак -Дам  од Куманово, денеска со поддршка на општинската организација на Црвен крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина, организираа крводарителска акција којашто се одржа во просториите на Центарот за култура.

-Традиционално секоја година ја организираме оваа крводарителска акција. Оваа година ова е осма по ред традиционална акција, а имавме и една вонредна, во недостиг на крвни единици, таа се реализираше лани. Ова ќе се остане како традиционална а ако има потреба и побараат од нас ќе организираме и други такви акции. Акцијата започна во 10 за неполн час има 40 крвни единици и уште луѓе чекаат. Се надеваме дека над 80 сигурно ќе собереме, лани на акцијата имавме 99 а пред тоа 103 крвни единици-истакна Марјан Вељановски, претседател  на здружението Мак-дам Куманово.

Од здружението апелираа сите да го следат нивниот пример и да даруваат крв.

-Сите треба да учествуваат, секој кој може да дарува, тоа е задоволство, јас давам по трипати годишно, за доброто на сите, за иднината на младите, старите на сите на кои им е потребно-нагласи Зоран Стојмановски, секретар на Здружение Мак-дам Куманово.

Здружението Мак Дам е формирано во 2006 година, а брои околу 250 членови.

-Учествуваме на сите натпревари што се на ниво на риболовна федеранција на македонија, крапски риболов, риболов со пивка, сениори, јуниори, младинци , цела година имаме активности а кога немаме одржуваме вакви акции, крводарителски, еколошки-нагласи Вељановски.

– Има интерес многу но водите не ни дозволуваат има слаби врнежи нема води, и има многу рибократство, не се одржуваат концесиите како што треба-дополни Стојмановски.

Во здружението активни се и младинците до 16 години.

 

Коментари

коментар(и)