Педесет и тригодишниот Вите Димков од село Косматац апелира до хуманите граѓани за помош. Дел од дотраената, стара куќа во која живее со сопругата и двете ќерки, може да се урне. Вели стравувам за нашата безбедност, а немам средства да реновирам. Семејството Димков живее од социјална помош од 9.000 денари.
Ова семејство се надева дека нивната мака ќе допре до граѓаните. Сите заинтересирани можат да ги најдат на телефонскиот број 078-639-163.