(ВИДЕО) Се одржа велосипедската трка на Студена вода, во организација на Ротари клуб Куманово

Околу 25 велосипедисти викендов учествуваа на хуманитарната велосипедска трка која се одржа на Студена вода. Настанот го организираше Ротари клуб Куманово, заедно со Ротаракт, клубот на млади и Инервил, женскиот клуб, како и CROSS Cycling клуб Куманово.

Плановите се оваа трка да продолжи да се организира секоја година, а собраните средства да се користат за проекти од интерес на велосипедистите и планината. На трката настапија професионални велосипедисти, но и аматери, на различна возраст.

-Средствата што сакаме да ги намениме оваа година се за заштита на шумата од молецот од штетник од боров четник, кој што е застапен скоро низ сите шуми во Македонија, и треба да се реши затоа што ги уништува шумите. Ние ќе се обидеме да собереме што е можно повеќе средства за таа намена. Ќе правиме и други акции и настани за да прибереме некоја сума. Оваа година целта е таа, идните години планираме оваа трка да биде традиционална и средствата да ги пренаменуваме за некои проекти од интерес на велосипедистите-истакна Горан Арсовски, претседател на Ротари клуб Куманово.

На хуманитарната група настапи и добропознаиот велосипидист Цветанов, кој нагласи дека на градот му требаат повеќе вакви спротски активности.

Ние сме група ентузијасти кои почнаа да работат на таа тема, проблематика, со веќе успешни четири натпревари во планински велосипедизам како членка на велосипедска федерација на Македонија имаме доста успеси и ќе продолжиме и понатаму со вакво темпо и ќе даваме поддршка на сите вакви хуманитарни настани кои се за добробит на сите.

Цветанов настапи со неговата ќерка.

-Продолжуваме со неа се надеваме и таа да прерасне во добар натпреварувачи-истакна тој.

-Очекувам, прво место. Возам постојано и го сакам велосипедизмот-дополни таа.

Трката се одржа на една од понеескремните патеки на Студена вода. Овој локалитет располага со уште две атрактивни но и екстремни патеки кои се користат за државниот шампионат на Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)