(ВИДЕО) Се одржа „Распеано детство 2021“

Здружението „Етно ризница“ го возобнови најстариот детски музички фестивал „Распеано детство“, кој датира 45 години.  На синоќешното 16-то издание на фестивалот кој е меѓународен, а се одржа во Центарот за култура, покрај дечиња од Куманово, Скопје и Крива Паланка, настапија и најмалите од Бугарија.

-Куманово секако дека заслужува да има еден ваков фестивал посебно што светот останува на децата. Здружението Ризница има амбиција и сака да ја продолжи традицијата, посебно што се работи за нашите најмили. Има редица наши уметници кои се заслужни за еден ваков фестивал а јас како претседател на здружението Етно ризница од Куманово ви ветувам дека овој фестивал има амбиција да прерасне во традиција и секоја година да го одржуваме во мај.  Куманово е гладен за една ваква манифестација и секако дека ни е потребна-истакна Драган Митевски, претседател здружение „Етно ризница“ и организатор на фестивал.

Фестивалот „Распеано детство“ за прв пат бил организиран во 1976-тата година, а тогаш зад него застанале Борис Христовски – Грк, маестро Миодраг Божиновски – Мичо, Зијадин Исмаили, Томислав Златановски и  Ѓоко Симоновски зад кои била и културно просветната заедница на Македонија како и писателот Среќко Поповски, еден од првите учители во Куманово. Имал 9 изданија, па мала пауза. Повторно се возобновил во 1999 година во организација на тогашниот „Дом на пионери 29 ноември“ кога се одржале  6 изданија.  Главен покровител на овогодинешното издание на фестивалот е градоначалникот на Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)