ВИДЕО: Се одржа 4-от меѓународен саем „Органска трпеза“

Во Куманово по четврти пат се одржа меѓународниот саем „Органска трпеза“, кој традиционално го организираат Комората на органски производители и здружението „Живот“ . На саемот годинава учествуваа над 130 излагачи од земјава но и од Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово, БиХ, Унгарија, Албанија.

Бројот на излагачи, производители и компании кои се презентираат на саемот, велат организаторите континуирано расте, што говори за сè поголемиот број на производители, но и консументи на органски здрави продукти.

-Прва година почнавме со 47 излагачи во североисточниот регион, наредните години имаме над 100, се дуплира и како излагачи, не е тоа мерило за напредокот, но и е светски тренд, се повеќе свеста на народот е кон здравата храна и можностите кои ги имаме- нагласи Драган Цветковиќ, претседател Комора на органски производители.

Покрај операторите со храна, на саемот учествуваа и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехранбени производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство и механизација.

Коментари

коментар(и)