(ВИДЕО) Се отвори изложбата „Мајски салон 2021“

Љубителите на фотографијата имаа можност да ја проследат изложбата „Мајски салон 2021“, на Фото клуб Козјак. Во Центарот за култура се изложени 21 фотографија, изработени од членовите на клубот.

-Ова е традиционална изложба, ги претставува делата на нашите членови од ФК Козјак, кои низ цела година учествуваат на различни републички и меѓународни изложби. Оваа изложба е различна од останатите по тоа што форматот на самите фотографии е во поголема димензија. Имаме различни теми, односно целосната тема е слободна, можете да видите од портрет, природа, архитектура и слично.  Во наредниот период се очекува нашиот филмски фестивал Филмај, кој исто така добро се покажа, имавме голем број на автори, пристигнати од целиот свет. За жал требаше во мај до биде но поради короната го преместивме во септември-посочи Маријана Павличек, од ФК Козјак. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)