(ВИДЕО) Се рехабилитира и патот од Куманово до село Војник

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, како и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска извршија увид во рехабилитација на магистрален пат Куманово – Страцин. Регионалниот пат Куманово -Старцин се  рехабилитира во две фази. Првата е од Куманово до село Војник во должина од 15 километри , за што се инвестирани 4,7 милиони евра. Градежните работи започнаа месецов, а очекувањата се да траат една година. Во втората фаза од селото Војник до Страцин се реконструира делница од 16 километри. Станува збор за  инвестицијата на јавното претпријатие за државни патишта во вредност од 7,2 милиони евра.

-Овој североисточен дел од коридорот 8 имаме силни инвестициони зафати за негова целосна рехабилитација и модернизација. Покрај оваа инвестиција овде со силен интензитет работиме и на изградба на експресниот пат Ранковце, Крива Паланка а потоа и од Крива Планка до граничниот премин Деве Баир каде се врши проширување со трета лента. Вкупните инвестиции само во овој регион на коридорот 8 се над 80 милиони евра само во патната инфраструткра-посочи министерот Бочварски.

-Нашата цел се сигурни и безбедни патишта кои ќе не поврзуваат со регионот. Токму во таа насока, минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и со отпочнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион сакаме да добиеме комплетен Коридор 8, кој ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот-нагласи директорот Рустеми.

Министерот Спасовски потсети дека изминативе три години е инвестирано во кумановскиот и кривопаланечкиот регион. Рехалитирани се регионалните патишта, Куманово- Свети Николе, Старо Нагоричане кон преминот Пелинце, Куманово-Никуштак, Куманово-Опае, а паралелно се гради и експресниот пат кон Бугарија.

-Ако сакаме да имаме безбедност во сообраќајот, помалку жртви, материјална штета, повредени треба да имаме и добра инфраструктура. И затоа и заедно настапуваме за да сето она што не беше направено, го завршиме побртзо и да создадеме подобри услови и безбедност во сообраќајот.

-Ова е историја за сите кои поттекнуваат од овој регион. Од најзапоставен регион со најмал развој во претходните декади сега е регион во кој најмногу се инвестира. Особено ме радува што инвестициите во регионот од кој потекнуваме и јас и Спасовски во последните четири години имаме огромен број на проекти кои се реалираат по 30, 40 или 50 години-додаде и министерот Николовски.

Првите луѓе на македонската Влада посочија дека остануваат посветени на градби во инфрастуктурата низ целата држава.

 

Коментари

коментар(и)