Се чисти речното корито на Кумановка на потегот кај градскиот стадион Башкими. Општина Куманово обезбеди приватна компанија која со механизацијата ја отстранува вегетацијата и го чисти сметот од речното корито. Наредната седмица треба да се распише нов тендер за да продолжи чистењето и кон кејот, Којнарка и делот кај Проевце. Кумановци но и надлежните апелираат да не се загадува речното корито. И слободни уметници со натпис посочија дека сакаат чиста река.
ВИДЕО: Се чисти речното корито кај стадионот
