Советот на општина Куманово, со поддршка на општината за прв пат организираше настан на кој ги награди најуспешните ученици за 2021/2022 учебна година.
Претседателката Ивана Ѓорѓиевска се надева дека ваквото признание ќе биде стимул на идните генерации, да вложуваат во своето образование. Таа нагласи дека учениците постигнуваат одлични резултати.