ВИДЕО: Советувалиште за жени и деца жртви на насилство

Куманово од неодамна доби советувалиште за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство. Советувалиштето е во рамки на проектот „Комфор зона за жени“ на хуманитарното Здружение „Мајка“ во партнерство со Национален ромски центар, а се спроведува во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, РеЛОад2, која е финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.  Проектот е финансиски поддржан и од Општина Куманово.

Во советувалиштето корисничките добиваат совети за остварување социјални права, правно советување и поддршка, психолошко советување и психотерапија со психолог/психотерапевт, советување  и поддршка на деца жртви на насилство и кариерно советување со кариерна советничка и ментор за економско јакнење.

Советувалиштето засега функционира само на подрачјето на Куманово, но целта на здружението е да се прошири и во регионот. Помош за овој период побарале шест кумановки.

Со лицата работи правник, социјален работник и по потреба психолог и кариерен советник. Сите заинтересирани кумановки кои имаат потреба од советувалиштето можат да се обратат на телефонскиот број 031-524-060.

Коментари

коментар(и)