(ВИДЕО) Со дијалог до унапреден образовен процес, средба на претставници на МОН, општината, училиштата и компаниите

Министерството за образование и наука денеска во Куманово го продолжи дијалогот „Учи паметно, работи стручно“, со кој втора година по ред се унапредува средното стручното образование и се креираат уписните политики. Со претставници  на општината, училиштата и компаниите се дискутираше за утврдување на потребите на одредени стручни кадри во североисточниот плански регион.

а произведуваме стручен кадар кој ќе остане во Куманово и државата, бидејќи има компании кои се жалат дека кубурат со професионален кадар и тој спремен средношколен кадар да може да продолжи да работи и да им излезе во пресрет на компаниите и градот. Тоа ќе допринесе и учениците откако ќе завршат како матуранти нема да мислат да се преселат, туку да придонесат во нивното родно место-истакна  заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу.

Градоначалникот на Куманово посочи дека во рамки на можностите биле унапредени условите за учење во средните училишта. Целта е да се овозможат услови но и да се произведат стручни кадри кои подоцна би биле ангажирани од компаниите во градот.

о подем е техничката струка, веќе имаме реализирано инвестиција од странската компанија Дрекслермаер, дополнително до крајот на годината изградба на уште еден таков капацитет со можност до следната година за вработување до 2.000 луѓе. За тие капацитети ќе треба да се произведе стручен кадар и она што се најактуелните струки во делот на медицината, техничките науки, занаетчиството, дел од струките во средното економско училиште „Перо Наков“ и таму каде што е главната стратегија на државата, а тоа е земјоделието-истакна Димитриевски.

Нагласи дека најпроблематична тема во делот на образованието во Куманово е изградбата на нов училиште објект на гимназијата Сами Фрашери. Потенцираше и дека доколку не се покачат блок дотациите најголем број училишта ќе се соочат со проблеми во делот на плаќањето на трошоците предизвикани од енергетската криза. Одговарајќи на новинарско прашање за училиштето Сами Фрашери, заменик министерот нагласи дека во сегашниот буџет не е предвидена ваква инвестиција, но во наредниот период ќе работат да се реши овој долгогодишен проблем.

Од Стопанската комора информираа дека согласно анализите во североисточниот регион најмногу се барани струките машински техничар, електротехничар, електромеханичар, електромонтер како и од ИТ струката, а во моментов има побарување и за земјоделската и прехранбената индустрија. Велат ќе треба повеќе да се вложува во агротехничари и земјоделски техничари.

-Активно од 2016 година работиме на оваа проблематика со воведување на дуалното образование како една од најефикасните методи која може да го обезбеди стручниот кадар за компаниите. Тоа значи дека компаниите ги поставуваат барањата, образовните институции кои што за жал порано беа како одвоен свет од компаниите успеавме да ги прибилижиме со бизнис заедницата и на тој начин да излезат во пресрет да креираат образовни програми, а компаниите да ги земат учениците на практична обука за да можат да ги обезбедат оние практични вештини, да се примени и потоа да можат да ги вработат веднаш по завршување-нагласи Наташа Јаневска, Стопанската комора на Македонија.

Вишок на кадри укажуваат од комората имало во медицинската струка и економската.

Коментари

коментар(и)