ВИДЕО: Со едукативна акција се одбележува Денот на полицијата

Со едукативна акција за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата, Отсекот за превенција го одбележа 7-ми мај, Денот на полицијата. Ученици, членови на училишни сообраќајни единици, заедно со припадници на полицијата, како и претставници на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, денеска запираа возачи и случајни минувачи и им укажуваа на почитување на сообраќајните правила и прописи, делејќи едукативни флаери и маички.

Спроведуваме една превентивна акција, која всушност ќе се реализира на повеќе различни локации во нашиот град, а се однесува на поттикнување на јавната свест за поголема безбедност на граѓаните, не само во сообраќајот, туку воопшто во секојдневното живеење.  Во делот на сообраќај при контрола на возачите ќе има неколку прашања, дали знаат за бројот 192, дали знаат кога е ден на полиција, и воопшто прашања за безбедноста и ако се исправни во сообраќајот ќе добијат награда, маица, додека останатите кои нема да бидат исправни ќе им биде укажано за почитување на сообраќајни правила и прописи и ќе добијат флаер, кој укажува за поголема безбедност во сообраќајот. Истото ќе се направи со граѓани во дуќани, пазар, кои ќе ги сретнеме на улица. Така е и наречена денешната активност, средби со граѓани, при што ќе се разговара за безбедносни прашања, и ќе се поделат маички-истакна Виолета Богдановска, од Отсекот за превенција при СВР Куманово.

Припадниците на полицијата денеска ќе ги посетат и вечните почивалишта на нивните колеги, кои животите ги дале на работна должност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)