(ВИДЕО) Со едукативна работилница одбележан меѓународниот ден на спортот

По повод  6-ти април, меѓународен ден на спортот за развој и мир, се одржа спортска едукативна работилница која ја организираа Македонскиот олимписки комитет и Општина Куманово. Претставниците на спортските клубови и здруженија од Куманово имаа можност да ги споделат проблемите со коишто се соочуваат, но и да дадат свои предлози за надминување.

Се зборуваше и за ваучерскиот систем, придобивките од него но и начинот на добивање на средствата. Претседателот на комитетот нагласи дека клубовите имаат право да учествуваат во креирањето на износот, преку матичните федерации.

-Според анализите во општината за разлика од пред стартување на ваучерскиот систем, сумата која што се троши на спорт е 2 и пол пати зголемена. Тоа мислам дека на сите нас коишто сме во спортот ни помага да реализираме доста програми. Ако некогаш привилегија беше да се биде само во големите спортови кои како така се снаоѓаа за некои пари, сите останати беа толку маргинализирани да беа оставени исклучиво на некои ентузијасти кои го сакаа спортот па се мачеа да направат екипа. Мислам дека добар дел од вас имате некои ресурси кои се предвидливи, можете да ги планирате дека не се само оваа година, туку ќе ги имате следната и можете да направите долгорочен план-нагласи Даниел Димевски, претседател на МОК.

Македонскиот олимписки комитет додели и спортска опрема на Сојузот на спортови на Куманово.

-Го одбележуваме меѓународниот ден на спортот по втор пат во општина Куманово. Се надеваме дека ова ќе биде континуирано. За жал последните две години поради ковид состојбата на многу минорен начин го одбележавме денот. Куманово е европски град на спортот за 2019 и единствен град во земјава кој го доби тоа признание. Тоа не го добивме ние бидејќи имаме инфраструктура како што имаат големите градови, туку затоа што заедно со градоначалникот работиме со дечиња од 6 години до 80 години. Сите наши заложби се за омасовување на спортот. Заедно со претседателката веќе од оваа година со советниците планираме се повеќе да се инвестира во младите, бидејќи сите знаеме дека само на тој начин се доаѓа до големи и врвни спортисти-истакна Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура, спорт и социјална заштита.

По повод меѓународниот ден на спортот на атлетската патека се одржа и презентирање на спортски дисциплини, а беа засадени и неколку садници со претставниците на СЕЕБРИГ.

ВИДЕОТО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО ПО 18 ЧАСОТ!

 

Коментари

коментар(и)