(ВИДЕО) Средношколци од „Наце Буѓони“ порачаа „Различности не зближуваат“

„Различностите не зближуваат“, е пораката која што ја испратија средношколците од „Наце Буѓони“, кои учествуваат на проектот „Обединети во мирот“, кој го реализира Здружението „Доверба“. 

 

Над 20 ученици од средното стручно училиште „Наце Буѓони“, од различна етничка припадност денеска учествуваа на втората активност, работилница за запознавање на културата на припадниците од „другите“ етнички заеднички, како пат за градење иднина во мир, која што ја организираше Здружението„ Доверба“, во рамки на проектот „Обединети во мирот“. Учениците имаат можност да применат различни техники и да се самоизразат преку цртање поединечни идеи како и заедничка групна слика, на тема „Различности не зближуваат“. Целта е да се зајакне довербата и силата на ненасилството како предуслови за изградба на мирот помеѓу учениците од различните етнички заедници.

-Преку овој проект меѓусебно се запознаваме, ги прифаќаме нашите добри и лоши страни, разбираме дека секој од нас е различен и на крајот на денот сфаќаме дека сите ние сме различни но тоа не правлекува-истакна Марија Хаџи Панчева од средното техничко училиште „Наце Буѓони“.

– Денеска сме тука за да се соочиме со тоа дека не треба да ги осудуваме другите и нивното различно размислување, треба да ја вклучиме нашата емпатија да се ставиме во туѓо тело и туѓ ум затоа што на крајот од денот да се прифатиме сите затоа што сите сме различни а таа различност не зближува- нагласи Сандра Ристиќ ученик во Наце Буѓони

-Да мислиме позитивно да не дозволуваме негативноста да влезе во нашиот живот и средина- посочи Ермира Шефкети, ученик Наце Буѓони

-Преку овој проект ние ќе научиме како да бидеме смирени, позитивни со другите-истакна Сара Ислами, ученик Наце Буѓони.

Активностите е предвидено да траат до први август, кога ќе бидат презентирани на изложба.

-Почнуваме со работилници за опуштање и отворање на сите работи кои што не мачат, а бидејќи сме заедно во група, доаѓаме до реализација дека слични проблеми имаат и другите етнички заедници кои што се со нас и заедно со нив во тековните месеци коишто следат по два пати месечно ќе произведеме ликовни творби кои би требало да резултатираат дека различностите се слични или исти и дека со таа уметност ќе допреме до секој гледач на крајната изложба која што ќе се роди после проектот-наведе професорот по ликовна уметност, Александар Стефановски.

Претседателката на Доверба, Дивна Јанкова истакна дека мислењето е составен дел на речиси секоја психичка активност и заради тоа од фундаментално значење е начинот на кој овој процес се одразува врз свесноста на една личност, моментално или во текот на целиот живот.

Чувствата се едно, а мислите да ги водиме кон конструктивно нешто, свесност дека ние можеме да располагаме со она што ни се случува, овде и сега во моментот и да го креираме она што понатаму ќе ни се случува, ни беше тешко, ни беше лошо, црно-бел да не ни биде светот, туку да внесеме свежина, шареноколикост, сигурност, силни, слободни млади, да успееме да го внесеме тој дух кај младите да може да пренесат и во својата невербална комуникација. Знаеме дека 93 проценти е невербална комуникација, само седум проценти е вербална. Она што го чувствуваат да го пренесат, да се растеретат од сите негативни чувства и мисли што ги имале претходната година а гледаме што не зближува сите заедно, за различни култури, желбата да бидеме среќни, да се почитуваме и разбираме, да ја почитуваме различноста, дојдовме и до заеднички поенти, искреност, емпатичност, доверба-нагласи Јанкова.

Од севкупните активности од проектот ќе излезе и брошура, насловена „На пат за подобро разбирање“. Проектот е поддржан од „Екуменска иницијатива жена“ од Хрватска.

Коментари

коментар(и)