ВИДЕО: Стабилна епидемиолошка состојба, затворена модуларната болница

Поради стабилната епидемиолошка состојба во Куманово се затвори модуларната болница. Неколкуте пациeнти се префрлени на инфективниот оддел, каде во моментов се лекуваат само девет лица. Бројот на прегледи  во дневната амбуланта исто така е намален и се движи околу 40, за разлика од периодот кога се прегледуваа и до 120 пациенти.

-Во петокот и последните пациенти од модуларната болница беа пуштени, кој на домашно лекување, двајца –тројца беа префрлени на инфективниот оддел, така што немаат потреба од нејзино отворaње во моментов и да се надеваме дека нема да има понатаму потреба истата да биде ставена во функција-истакна директорката на Општата болница во Куманово, д-р Снежана Захариева.

Коментари

коментар(и)