(ВИДЕО) Трет ден продолжува штрајкот на вработените

Трет ден непречено тече штрајкот на вработените во градинката, како и во основните и средни училишта во Куманово, но и во регионот.

Од детската установа „Ангел Шајче“ информираат дека дел од вработените, односно 48 проценти штрајкуваат, а останатите 52 проценти продолжуваат со својата дејност за згрижување и воспитување на деца.

Според бројот на членови на СОНК, како што дополни директорката на кумановската градинка Марина Алексовска, од 132 членови, штрајкуваат 109 лица, или 81 процент. Вкупниот број на вработени во градинката е 221.

-Првиот ден беа 350 денеска се згрижени 380 дечиња, но сепак им порачувам на родителите, имаме доволен персонал со кој можеме да ги згрижиме сите деца кои имаат потреба, штрајкот да не ги спречува да ги носат децата во градинка-нагласи Марина Алексовска, директорка градинка „Ангел Шајче“ Куманово.

Од кумановската градинка се осврнаа и на барањето на СОНК за унапредување на бројот на приправници. Во установата велат има 24 приправници од кои само девет вработени ги исполнуваат условите.

-Штом ќе заврши штрајкот можеме да започнеме со постапката за објавување интерен оглас за да може да бидат унапредени од приправници во негователи, воспитувачи, стручен работник-дополни Алексовска.

Од регионалниот одбор на синдикатот за образование, наука и култура за североисточниот регион, информираат дека протестот во градинката како и во останатите установи во Куманово се одвива нормално и без притисоци.

Од СОНК велат дека нивните служби проверуваат дали во кумановската градинка се врши само згрижувачка дејност, а не и воспитно образовен процес, како и дали во објектите се згрижуваат деца од различни возрасни групи во една занимална.

Дополнуваат и дека одредени директори во бројките на лицата кои што не штрајкуваат ги впишуваат и вработените кои користат боледување.

Во североисточниот регион додаваат во шестте општини се штрајкува речиси сто процентно во сите воспитно образовани установи. Не протестираат само вработените во градинката „Царка Андреева“ во Кратово и основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.

-Досега морам да кажам дека сите 6-мина градоначалници немам поплаки, штрајкот се одвива без притисоци со некои мали индиции, непроверени, бидејќи нашите колеги од двете споменати синдикални организации кои не штрајкуваат имаме јавувања во централата анонимни, дека одредени директори/ки им вршат притисок да не штрајкуваат.  И во оваа прилика ќе искористам јавно да ги охрабрам колегите кои се под потенцијален пристисок, јавно да го кажат својот глас, да не повикаат, ќе заминам со правникот, и на терен да видиме доколку имаме изјава дека навистина се врши притисок ќе поднесеме кривична пријава за попоречување на правото на штрајк-нагласи Никола Стојмановски, претседател на СОНК за Североисток.

Дополнуваат дека од вработените од културните институции кои не се во штрајк, добиваат морална поддршка.

Коментари

коментар(и)