Во Центарот за култура утревечер ќе започне 25-тото јубилејно издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
Љубителите на комедијата ќе можат да проследат 12 претстави и една стенд ап претстава на млади актери од земјава но и соседството. За прв пат фестивалот ќе има и натпреварувачки карактер.
Признанието „Васил Иљоски“ ќе му припадне на актерот Благоја Чоревски.